Што да правиш периодов?

Набројуваме неколку настани и активности што можеш да ги посетиш и направиш во следниов период

1| ЗДРАВО МЛАДИ 11

ЗДРАВО МЛАДИ ќе се случи по 11 пат на 27ми август. Кул забава, убави луѓе и енергична атмосфера ве очекува во паркот (позади) #МКЦ. Купете си карта тука или на билетарницата во МКЦ.

Досега најавени се следниве изведувачи: Hercules & Love Affair (dj set), Shortparis, ИСКРА, Murman Tsuladze, Belgrado, Blackstate, Peki Pele, Луфтханза…

2| БУНТ ОД КЕИФ ИЛИ КЕИФ ЗА БУНТ?

До 24-ти август во Кинотека на Македонија може погледнете документарни филмови посветени на „Новиот бран“ или на музиката и музичките групи кои се појавуваат во 80-тите на просторите на поранешна Југославија.

3| Skopje Cinema City Chill Out

На 27-ми и 28-ми август се случува филмски настан под името Синема Сити во #Кинотека на Македонија на кој ќе бидат прикажани 5 музички документарни филмови.

4| 12.MakeDox

Љубители на документаристика до 26-ти месецов се случува 12-то издание на МакеДокс под мотото #штосега. Програмата може да ја погледнете тука. Куршумли ан, пред Куршумли ан, МКЦ и МСУ се локациите каде што ќе се одржи фестивалот.

5| Lubomyr Melnyk во Скопје!

Пијанистот Љубомир Мелник има концерт на 22 август во Пошта, со почеток во 21ч. Интересен факт: Мелник е најбрзиот пијанист на светот, со рекордно отсвирени 19.5 ноти во секунда!

6| Скопје SHAKE во МКЦ Парк

Sure Shotz прават финале на летната турнеја на 30-ти август во Паркот МКЦ под името SKOPJE SHAKE.

Ќе настапуваат: Bon Praskiza, Sexy Marsa, Zee Bomb, Matej Foltz, Donplaya, Young Dadi и Rager, а покрај домаќините Shorty P, Irie Scratch и Nasty, за музиката се задолжени и OG и 5R.

7| Revival Festival//30 години Македонска независна музика!

Ќе има музика само од Македонски бендови, изложба на карти и плакати од свирки и концерти од 91ва до ден денес и мноогу пиво. 3ти септември МКЦ.

8| SKOPJE SOUNDS GOOD Festival

На 8-ми септември на Стадионот на АРМ ќе имате можност да слушнете неколку одлични групи од независната регионална сцена: BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE, FUNK SHUI И SVEMIRKO.

9| Саем на книга 2021

Од 8-ми до 14-ти септември се одржува саемот на книга, овој пат на отворено пред А1 Арена СЦ Борис Трајковски. Билетите може да се купат онлајн или на влезот на саемот.

Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот а единствено на 14 септември од 10 до 17 часот.

10| Прв Скопски поетски фестивал 2021 / First Skopje Poetry Festival 2021

Нов фестивал ALERT! Од 1–3 септември ќе се случи првото издание на интернационалниот Скопски поетски фестивал. Читање и пишување поезија, изложби и филмски проекции ве очекуваат во МКЦ како дел од овој нов фестивал.

11| RAP & TRAP FESTIVAL @ 09 септември, Стадион на АРМ

На 9ти септември по прв пат се случува Rap&Trap фестивалот на Стадионот на АРМ. Ќе настапуваат познатите регионалнизведувачичи: Senidah, Sara Jo, Kuku$, Fox, Surreal & Zoi. Картите за настанот се во ограничен број.

12| SKOPJE CALLING FESTIVAL

Авалон продукција ја затвараат летната концертна сезона со диџеите MEDUZA и VINI VICI на SKOPJE CALLING на 10-ти и 11-ти септември. Локацијата е Стадионот на АРМ, а картите се во ограничен број.

1| Пикник во Парк

Спремете си некое мезе и грицки, пијачки и вода и кебенце или нешто за седење… Викнете ги омилените луѓе и правец во Парк под некоја дебела сенка на пикник.

2| Кајакарење на Матка

Ако сакате да избегате од гужвата и градот, тркнете до Матка. Може да изнајмите кајак или суп и да уживате во природата која ја нуди оваа локација.

Photo by Matej Plavevski on Unsplash

3| Прошетка до Кале

Ви препорачуваме да направите мала тура низ градов. Тргнете од Рекорд по ул. Македонија, низ плоштад, па преку Камени Мост посетете ја Старата скопска чаршија. Влезете во некое дуќанче, може нешто ќе се почастите. И после преку чаршија нагоре до Кале. Горе малку одмор и бистрење на умот!

4| Активност на кеј

Прошетка, точак, ролерки, јога, медитација…

5| Качување на карпа кај Скејт Парк

Спортско Качувачки Стадион КАРПОШ нуди интересна авантура за љубителите на адреналинот и висината.

6| Посета на Зоолошка Градина

Последна сугестија. Ако одамна не сте биле дефинитивно треба да ја посетите зоолошката градина.

Запознај ги скопјани

Тhe stories are the most important part of our lives.
We are here to tell the stories of Skopje!

--

--

Zapoznaj gi skopjani / Запознај ги скопјани

The stories are the most important part of our lives. We are here to tell the stories of Skopje!