Каде за викенд?

Стоејќи на прагот од викендот*, како и пред отворен шкаф, разгледувајќи ги опциите за тоа како да се облечеме и каде да ги поминеме овие неколку дена пред настап на нова доза рестрикции, можностите ни се (не)ограничени.

ЗГСК за вас одвоија неколку тип-топ настани, како во #Скопје, така и маалку подалеку — за сите да го прославиме крајот на работната недела и почетокот на новите мерки.

Во прилог следат нашите предлози, а ваше е само да одберете кое е највеќе по ваш вкус и што ќе се напиете. Не заборавајте на носење маски и одржување дистанца, да останеме одговорни, здрави и журкаџиски расположени.

*викендите во Скопје почнуваат во четврток и траат до недела

ЧЕТВРТОК 12|08

  • Биртија
    Доколку сте расположени за рок Биртија паб е супер опција за четврток вечер.
  • РадиоБар
    Bazel&Vaso ќе го предводат ритамот, на вас останува да ги донесете енергијата и доброто разположението.
  • FILDZAN @BOOKVA
    Почнуваат од 20ч.
  • Гарсон Бар
    Секој четврток во 21ч. во Гарсон ве чекаат Why Not.
  • BKW
    Овој четврток одличната Илина Ангел во BKW за вас.
  • Хавана
    На денсање со DJ Guardian & Pate Conga во Хавана.

ПЕТОК 13|08

САБОТА 14|08

  • Да го вратиме тецхнорејвот во Парк со Alex Plant & Mirko Popov
    Слушнавме дека минатиот викенд имало одлична забава, не ја пропуштајте оваа. Локацијата е во Парк, каде што се рентаат точаци и тротинети (линк), почнува од 21ч.
  • Конак
    Повторно ќе пуштаат DD’s во Конак. Бидете таму во 21:30ч.
  • Longbus @Зеленика Beer Garden (ОТКАЖАНО)
    Stevie Whisper и Ermilova оваа сабота на Средно Водно. 18ч., бидете точни.
  • Хавана
    Pop Art Band & DJ Slave ќе бидат на подиум. Влезот е отворен од 11:45ч.
  • BKW
    Disco Drugstore w/ Lephonq
  • Клуб 1212
    Подиумот е спремен. За музиката ќе се погрижи Oysha.
https://boldomatic.com/p/2mCtfQ/can-we-start-the-weekend-over-again-i-wasn-t-ready

НЕДЕЛА 14|08

И за крај, моравме да споменеме уште еден настан кој се случува викендов. Ако сакате да го разбудите фестивалскиот дух, не го пропуштајте Д-Фестивал. По 11ти пат одлични артисти ве очекуваат во Дојран. Билетите се продаваат тука.

Запознај ги скопјани

Тhe stories are the most important part of our lives.
We are here to tell the stories of Skopje!

--

--

Zapoznaj gi skopjani / Запознај ги скопјани

The stories are the most important part of our lives. We are here to tell the stories of Skopje!