Каде да одите викендов?
Скопје [05–08|12]
*викендите во Скопје почнуваат во четврток и траат до недела
Thursday Shake (Female Special) [05.12 EPICENTAR]
Четврток е резервиран за журче како начин на загревање за продолжениот викенд . Kако и до сега, и овој четврток има тематски SHAKE во клубот Епицентар. Првиот од месец декември е со тема-Female Special, која дава посебен акцент на понежната страна на артисти, како City Girls, Megan Thee Stallion, Doja Cat, Saweetie, Young M.A и други. Потребно е само да имате убаво расположение, а за остнатото ќе се погрижат Irie и Shorty, стандардно задолжени за музиката.
Пејзажи на совеста / Conscious Landscapes [06.12 МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ]
МСУ во соработка со Право Људски Филм Фестивалот од Сараево ве покануваат да ги истражувате врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување. Изложбата ќе биде составена од 11 фотографии, 8 видео интсалации и 4 филмски уметнички дела и истата ќе трае до 10ти декември.
Лузер фест ’19 [06.12 МКЦ]
За одличен завршеток на работната недела, наш предлог е ЛУЗЕР ФЕСТ — предвесник на главната вечер на Таксират.
Ќе се претстават 8 млади артисти, а победникот ќе го одберете токму вие. Главната награда е снимање на студиски албум.
Билетите по цена од 100ден. може да ги набавите во билетарницата на МКЦ и истите претставуваат гласачко ливче. Вратите се отвараат во 20ч, а програмата започнува од 20.30ч .
Не двоумете се, поддржете ги нашите млади изведувачи
Македонски Шлагери [06.12 PUBLIC ROOM]
Овој петок подгответе ги вашите чевли за танцување, бидејќи пред нас е уште една вечер на македонски евергрини со the Ringtones во Public Room! Убава музика, насмеани луѓе и ретро енергија ќе бидат и овој пат на репертоар. Па, “ќе дојдеш ли на рандеву?”.
Telekom Electronic Beats Weekender [06–08.12 МИНУС 1, КЛУБ 1212, СТАНИЦА 26]
Овој викенд Telekom Electronic Beats Weekender подготвуваат дружба посветена на клупската музика. Три дена исполнети со одлични музички сетови, изложби и уметнички инсталации, live painting and jamming, pop art зимски базар и што уште не. Местата се скопските клубови Станица 26, Минус 1 и Клуб 1212.
Билетите на врата чинат 200ден. а влезот за денската забава на 8 декември до 19 часот е слободен. Погледнете ги настаните за подетална програма: петок, сабота, недела.
Таксират [06–07.12 СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ]
Скопје е спремно по 21ви пат да се преврти наопаку!!!
Приказната за Таксират ја живее својата 21 година, а финалето ке се одржи на 7ми и 8ми Декември во СЦ Борис Трајковски во две сали, со три фестивалски бини.
Првата финална фестивалска вечер ке ја одбележи настапот на шведското инди-поп трио Peter Bjorn and John, најголемиот хрватски панк-рок бенд Хладно Пиво, британските бејс продуценти Chase and Status, хрватскиот рапер Vojko V и српскиот хип хоп колектив Београдски Синдикат. Од домашната сцена Суперхикс ке бидат задолжени за размрдување на публиката,а етно метал бендот Верка ќе го отвори Таксират 21. Трап сцената ке ја одбележат настапите на хрватите Buntai, загребското дуо 30zona, тројката Kukus Klan. Таксират 21 ќе го одбележи и настапот на MVRSVR Production или домаќините меѓу траперите, а претставникот на српската трап сцена е Klinac, кој е и основач на најпознатите трап лејбели на балканот — Apollo.
Втората финална вечер која ке се одржи во недела е резервирана за таткото на рејверските афтерпартиња “Папа Свен” кој ке има честа да го затвори Таксират 21 со долг целовечерен сет.
Oubli Night [07.12 SEKTOR 909]
Во сабота Ux и SoulCase ќе емитираат фанки вибрации за џускање во Сектор. Топло препорачуваме…
Чудесна терапија [07.12 ДРАМСКИ ТЕАТАР]
Големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од љубовта?
Драмски театар со почеток во 20ч. [линк]
Тhe stories are the most important part of our lives.
We are here to tell the stories of Skopje!